Папата Франциск го продолжува лекувањето од бронхитис и пневмонија во болничкиот комплекс „Агостино Џемели“ во Рим, соопштија извори од Ватикан.
Според информациите, 88-годишниот аргентински понтиф „се разбудил, појадувал, читал весник и продолжил со лекување и физиотерапија“, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Изворите додаваат и дека се уште не е одлучено како папата ќе одржи молитва во недела.
Властите на Ватикан претходно објавија дека папата имал уште една мирна ноќ, дека сега се одмора, но дека неговата здравствена состојба и понатаму е „комплексна“, иако се подобрува. Потврдено е и дека папата не е во критична состојба.