Американското Министерство за образование синоќа објави дека ја замрзнува федералната поддршка за Харвард универзитет во износ од приближно 2,3 милијарди долари. Причината е одбивањето на универзитетот да ги исполни барањата на Белата куќа, вклучувајќи и укинување на програмите за различност, еднаквост и инклузија.
– Изјавата на Харвард ја отсликува загрижувачката перцепција за граѓанските права која владее на врвните универзитети во САД – дека федералните средства не подразбираат обврска за почитување на законите – се вели во соопштението на Работната група за борба против антисемитизам при министерството.
Министерството информираше дека се замрзнуваат 2,2 милијарди долари во грантови и уште 60 милиони во договори со универзитетот.