САД објавија нова програма за прием на бегалци со која ги повикуваат Американците да ја спонзорираат за да го зголемат бројот на приеми во земјата.
Американските граѓани за првпат ќе можат директно да го спонзорираат приемот на бегалци во САД, покрај здруженијата и невладините организации.
– Велком корпс е најголемата иновација во приемот на бегалци во изминатите четири децении – изјави државниот секретар Антони Блинкен.
Во првата година целта е да се привлечат околу 10.000 Американци кои би примиле околу 5.000 бегалци, рече тој.
Секој Американец, или прво група од пет граѓани, кој сака да прими бегалец ќе мора да помине низ темелна безбедносна проверка и да обезбеди доказ за својата финансиска способност.
Не се предвидени финансиски стимулации за овие спонзори, кои ќе треба да докажат дека имаат 2.275 долари по бегалец за купување облека и други потреби во првите три месеци од престојот во земјава.
Американскиот претседател Џо Бајден го ограничи на 125.000 бројот на бегалци што САД можат да ги прифатат во една фискална година (која завршува на 30 септември), што означи промена од ограничувањата воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп.