Кога ќе се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска воена интервенција против Иран, цените на нафтата и гасот ќе почнат да опаѓаат, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
– Американскиот народ може да биде сигурен дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата и гасот е привремено и дека оваа операција ќе резултира со пониски цени на горивата на долг рок – рече Ливит на прес-конференција.
Таа додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот енергетски тим внимателно ги следат пазарите и разговараат со лидерите во индустријата. Според неа, американската војска развива дополнителни опции во согласност со директивата на претседателот да се обезбеди Ормускиот теснец да остане отворен.
Цените на нафтата во понеделникот скокнаа на повеќе од 119 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од јуни 2022 година.
































