Министерот за надворешни работи на НР Кина, Ванг Ји, на минхенската безбедносна конференција / Фото: ЕПА

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји на средба со својот дански колега Ларс Локе Расмусен денеска во Пекинг, изјави дека Кина целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска кога станува збор за Гренланд и ја повика таа земја да има реципрочен став кон кинескиот суверенитет.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во последните месеци инсистираше дека САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд, полуавтономна данска територија која има стратешко значење, пренесуваат агенциите.

Ванг рече дека се надева дека Данска ќе продолжи да ја поддржува легитимната позиција на Кина кога станува збор за прашања поврзани со суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.