Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вели дека преговорите меѓу руската и американската делегација поминале добро.
– Преговорите се завршени, ние сега веќе ја спроведуваме програмата на саудиска линија“, изјави Ушаков за руските медиуми по завршувањето на разговорите – пренесе РИА Новости.
Според него, се водела сериозна дискусија за сите прашања, а Русија и САД се договориле да ги подобрат билатералните односи, што е од интерес и за Москва и за Вашингтон.
– Сè уште е тешко да се каже дека позициите на Русија и САД се приближуваат, но за тоа се разговараше во Ријад. „Се договоривме да ги земеме предвид интересите на едни со други – рече Ушаков.
Тој објасни и дека е малку веројатно следната недела да се одржи средба меѓу претседателите на Русија и САД и дека е тешко да се зборува за конкретни датуми.
– Москва и Вашингтон ќе работат на создавање услови за средба меѓу Путин и Трамп – рече Ушаков, додавајќи дека тимовите на руски и американски преговарачи ќе започнат контакти за Украина во догледно време.