Експлозија предизвика пад на мост врз железничка пруга кога поминувал воз во западна Русија, при што загинале неколку луѓе, соопштија истражните власти. Локален гувернер изјави дека загинале најмалку седум лица. Во одделен инцидент во соседен регион, експлозија предизвика рушење на друг железнички мост додека товарен воз минувал преку него, повредувајќи најмалку еден од машиновозачите, изјави локалниот гувернер.
Руските истражители изјавија дека уривањето на двата моста во близина на границата со Украина е предизвикано од „терористички акти“, наведуваат руските медиуми, пренесува ДПА.
Одделните инциденти во кои се повредени најмалку 70 лица, доведоа до тоа возовите во текот на ноќта да излезат од шините откако два моста се урнаа во пограничните региони Брјанск и Курск.
-Пријавените инциденти се класифицирани како терористички акти – изјави Светлана Петренко, портпаролка на Истражниот комитет.
Гувернерот на Курскиот регион, Александар Хинштеин изјави дека „едно лице е повредено во инцидентот во Курск“.
Во Брјанск, пак, седум лица загинаа, а околу 70 се повредени, вклучувајќи три деца, објави гувернерот Александар Богомаз.
Богомаз, исто така, ги потврди извештаите за експлозија на мостот.
Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин веќе има телефонски разговор со раководителот на „Руски железници“ и со гувернерот на Брјанск, Богомаз откако во текот на ноќта ги добил извештаите за инцидентите.
ДПА посетува дека украинското разузнавање постојано извршува саботажи и напади на руска територија.