Аеродромот во Днепар денеска двапати беше погоден од ракети, соопшти гувернерот на тој регион во Украина. Според него, целосно е уништен тој аеродром во четвриот по големина град во Украина.
Украинската команда објави дека руските сили продолжуваат со артилериските напади врз градот Харков и дека ја продолжуваат шестнеделната опсада на Мариупол.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски ракети лансирани од воздух погодиле украински системи за противвоздушна ракетна одбрана С-300 на две локации.
Во руското соопштение се наведува и дека крстосувачките проектили лансирани од морето го уништиле штабот на една украинска единица во реонот на Днепар.
Ниту една од овие изјави на двете страни не можеше да биде потврдена.