Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
Според него, бегалците главно одат во Полска, Унгарија, Молдавија и Романија.
– Повеќе од 150.000 украински бегалци досега ја поминале границата на соседните земји, од кои половина заминале во Полска. Раселувањето во Украина исто така расте, но воената ситуација го отежнува проценувањето на бројот и пружањето помош-напиша Гранди на Твитер.