Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред официјалниот рок за нивно заминување, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), предупредувајќи дека овој потег може да доведе до присилно враќање на повеќе од милион луѓе.
Според извештајот на УНХЦР, регистрирани се случаи на апсења и депортации на законски регистрирани авганистански државјани, наспроти тоа што пакистанската Влада претходно го најави 1 септември како рок за заминување.
– УНХЦР ги повика властите веднаш да ги запрат присилните враќања и да усвојат хуман пристап кој поздразбира доброволно, постепено и достоинствено враќање – се наведува во соопштението.