Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека унгарскиот Парламент ќе го ратификува пристапот на Финска и Шведска во НАТО на почетокот на следната година.
На брифингот по состанокот на Вишеградската група во Словачка, Орбан рече дека неговата Влада веќе одлучила Унгарија да го поддржи пристапот на Финска и Шведска во НАТО и дека парламентот ќе го стави ова прашање на дневен ред на првата седница следната година.
Парламентот почнува со работа во средината на февруари.
Унгарија и Турција се единствените од 30 сојузници кои не го ратификуваа приемот на двете земји во НАТО.
Финска и Шведска одлучија да се приклучат на НАТО по руската инвазија на Украина.