фото: Википедија

Русија и проруските сепаратисти заробија 1.700 луѓе, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Во интервју за Ројтерс, таа рече дека меѓу заробените има 500 жени. Според неа, тие биле принудени да стојат, главите им се избричени и секој ден ги соблекуваат „за преглед“.

– Тие го газат човечкото достоинство. Слушнав информации за силувања, скршени кичми … Сакаат да се плашиме, сакаат да плачеме и да бидеме жртви, но не сме. Нашите девојки и жени бараат од нас да продолжиме да се бориме – рече таа.

Верешчук е задолжена за преговорите за размена на затвореници со Русија и хуманитарните коридори од опколените градови.