Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
-Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби – изјави Арестович.