Фото: Пиксабеј / Илустрација

Русија ја нападна Украина со 131 беспилотно летало и две балистички ракети Искендер-М, соопшти украинската армија.

Украинската противвоздушна одбрана соборила 57 дронови, а 45 беспилотни летала не стигнале до целта. Но, не е прецизирано што се случило со останатите 29 дронови.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа се уништени 66 украински беспилотни летала, 41 дрон се уништени над Брјанска област, 24 над Кулужка област и еден над територијата над Курск.