Министерот за одбрана на Украина, и главен преговарач Рустем Умеров по втората рунда директни преговори со Русија во Истанбул, изјави дека Киев предложил следниот круг мировни преговори да се одржат до крајот на јуни.
– И предлагаме на руската страна следниот состанок да се одржи помеѓу 20 и 30 јуни – посочи Умеров.
Тој додаде дека дотогаш треба да се договори и средба помеѓу украинскиот и прускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, на која евентуално би присуствувал и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Умеров наведе дека Украина го примил рускиот меморандум и оти Киев следната недела ќе одлучи за идните чекори.
Тој потврди дека на денешната средба во Истанбул договорена е размена на тешко повредени, тешко болни и малолетни заробеници, како и враќање на телата на загинатите војници во формат 600 за 600.
Повикуваме на вистинска работа за завршување на војната – прекин на огнот, хуманитарни мерки, средба на лидерите. Ако Русија е сериозна, ќе се согласи. Но, ако не, ќе мора да уследат нови санкции, наведе Умеров.
Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека Русија, на втората рунда директни преговори со Украина, предложила делумен прекин на огнот во траење два до три дена на одредени делови од фронтот.
– Предложиме конкретен прекин на огнот во траење од два до три дена на поединечни подрачја од фронтот, за командантите да ги земат телата на своите војници – посочи Медински.
Тој потврди дека на Украина и е предаден меморандум со условите за целосен прекин на огнот.