Шефот на кабинетот на Володимир Зеленскиј изјави дека Украина очекува да биде поканета за членство во НАТО на самитот на Алијансата следниот месец во Вилнус.
– Очекуваме дека Украина ќе биде поканета во НАТО со отворен датум – рече Андре Јермак на Атлантскиот совет, а пренесе „Ројтерс“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека лидерите на Алијансата нема да упатат покана до Украина да и се придружи на воената алијанса на самитот во Вилнус.