Фото: ЕПА

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.

– Во 7:00 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина – соопшти украинското Министерство.

Во соопштението се наведува дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери согласно утврдената процедура.

– Го запревме транзитот на руски гас, одбележувајќи историски настан. Русија ги губи пазарите и ќе се соочи со финансиски загуби. Европа веќе одлучи да се откаже од рускиот гас. Европската иницијатива Repower EU се усогласува со она што Украина го постигна денес – наведе украинското Министерство за енергетика.