Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев.
– Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи – напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм откако Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.
Зеленски, исто така, изрази благодарност до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.
-Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно – напиша тој.

































