Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников во интервју за „Си-ен-ен“ дека Украина влезе во фаза на стабилизација на ситуацијата на бојното поле.
– Ние сме во фаза на стабилизирање на бојното поле преку мало движење на единиците и таму создадовме голем број добри средства за одвраќање – истакна Резинков.
Според него Украина е на прагот на нова етапа од војната и украинските сили почнале контраофанзива „во друга насока“.
Резинков наведе дека меѓу главните закани по борбата во Украина е „синдромот на замор“ кај меѓународната заедница.
– Ова го нарекувам синдром на замор. За мене ова е една од главните закани. Ни треба акција за оваа закана. Треба да ги прашаме луѓето. Затоа што ова е многу, многу опасно за нас – посочи Резинков.
Норвешка и Велика Британија заеднички ќе испорачаат микро-беспилотни летала „Блек хорнет“ (Црн стршлен) на Украина за да ѝ помогнат во војната со Русија, соопшти норвешкото Министерство за одбрана.
Дроновите, кои ќе му бидат донирани на Киев, се користат за извидување и препознавање на цели и чинат околу 90 милиони норвешки круни (9,26 милиони американски долари), соопшти Министерството.
Пакетот помош вклучува, покрај самите дронови, резервни делови, транспорт и обука за нивно користење.
Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа изјави дека Берлин се подготвува да и достави на Украина оружје во вредност над 500 милиони евра.
Шолц истакна дека Украина ќе добие уште три системи за противвоздушна одбрана ИРИС-Т, десетина оклопни возила, 20 мобилни ракетни фрлачи. Поголемиот дел од нив ќе бидат испорачани во 2023 година.