Интерпол денеска соопшти дека во Судан е уапсен, Ертитрецот, Кидан Зекаријас Хабтемариам познат како еден од најбараните трговци со луѓе во светот.
– Тој е уапсен во голема меѓународна полициска операција предводена од Обединетите Арапски Емирати, врз основа на информации споделени преку Интерпол – се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ОАЕ.
Хабтемариам е обвинет за водење на банда која киднапирала, изнудувала и убивала мигранти од Источна Африка, кои се обидувале да го преминат Средоземното Море од Либија во Европа.
– Операцијата траеше девет месеци и ги вклучи холандските, етиопските и суданските власти – напиша на Твитер, на министерот за внатрешни работи на ОАЕ, Саид Абдула ал-Суваиди.
Интерпол ги следеше активностите на Хабтемариам од 2019 година. Холандските власти претходно го обвинија дека водел камп во Либија со илјадници мигранти.