Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ситуацијата во Венецуела нема никаква поврзаност со американската Влада.
Изјавата на Трамп следи откако венецуелксиот претседател, Николас Мадуро, соопшти дека властите уапсиле двајца американски државјани кои се одговорни за неуспешниот вооружен напад, пренесе „Ројтерс“.
Мадуро обвини вкупно 13 платеници за обид за државен удар во земјата.