По двата разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во близина на границата со Сирија, околу 14 часот по локално време, недалеку од Истанбул е регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени.
Регистриран е во областа Феризли, која е на само 150 километри од Истанбул.
Земјотресот кој утринава ја погоди Турција беше со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала и предизвика разурнувања низ цела Турција и Сирија. Најмалку 1.500 луѓе ги загубија животите.