Турција е убедена дека Москва и Киев можат да постигнат мировен договор, и приоритетна задача на Анкара е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин портпарол на турскиот претседател.
– Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне – изјави Калин во интервју за „Ал Џезира“.
Една од клучните задачи што Турција си ги постави, додаде Калин, е да организира средба меѓу Путин и Зеленски.
Според него отворени се канали за комуникација од двете страни.
– Тоа е многу важно и нашите напори се насочени кон организирање директна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.