Турција ќе го раскине договорот со Ирак за нафтоводот кој датира од 1975 година, објави весникот „Туркије“, повикувајќи се на официјално решение потпишано од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Според објавата во Службен весник, одлуката ќе стапи во сила на 27 јули 2026 година. Со тоа ќе бидат прекинати не само основниот договор, туку и сите последователни протоколи и меморандуми.
Причините за ваквата одлука не се наведени.
Ирак и Турција се обидуваат да ги обноват испораките на нафта преку нафтоводот до турското пристаниште Џејхан, кои беа стопирани од Анкара во март 2023 година, поради одлуката на Меѓународната трговска комора со која ѝ беше наложено на Турција да исплати на Ирак 1,5 милијарди долари отштета за неовластен извоз во периодот 2014–2018 година.