Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовен убиец во селата Мало Орашје и Дубона. Според порталот Телеграф.рс, тројца мажи со автомобил „фиат“ се упатиле до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да ја запалат зградата. Но, пожарот зафатил само сува трева, а полицијата успеала да го изгасне пожарот пред да пристигнат пожарникарите.
Осомничените биле брзо запрени и уапсени и приведени на распит.
Да потсетиме, крвавиот напад на Блажиќ во селата кај Младеновац се случи во мај 2023 година, само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ го започна крвавиот пир во Мали Орашје, а потоа се упати кон Дубона. Напаѓачот по масакрот побегна, а потрагата по него траеше до раните утрински часови кога беше пронајден на локација оддалечена 50 километри, во близина на Крагуевац.
Во нападот тој уби девет лица, а рани 14.