Украинскиот претседател Володимир Зеленски истрча со нов предлог:
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на тројна средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, како обид да ја принуди Москва да ја запре инвазијата врз Украина.
– Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок или ако сите сакаат тоа да биде трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат – рече Зеленски.
Тој, исто така, рече дека „многу би сакал“ Трамп да ги погоди банкарскиот и енергетскиот сектор на Русија со пакет строги санкции како одговор на бранот руски воздушни напади и одбивањето на Москва да се согласи на прекин на огнот.
Ваквата изјава следува непосредно по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп со која го нападна лидерот на Кремљ, Владимир Путин, откако Русија на 26 мај го заврши тридневното бомбардирање со најголемиот воздушен напад во војната што трае повеќе од три години.
Трамп рече дека досега ја „заштитил“ Русија од болни мерки, но навести дека губи трпение бидејќи Путин продолжува да го игнорира неговиот притисок за прекин на огнот.
– Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека ако не бев јас, навистина многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија. Тој си игра со оган! – рече тој во објава од вторникот на мрежата Трут сошл.
Во одговорот на Кремљ, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, одговори на критиките на Трамп.
– Во врска со зборовите на Трамп „си игра со оган“ и „со навистина лоши работи“ што ѝ се случуваат на Русија. Знам само за едно навистина лошо нешто – трета светска војна. Се надевам дека Трамп го разбира тоа! – напиша Медведев на мрежата Икс. Р.С.