Трговски центар и два хотели биле погодени вчера во руските напади во пристанишниот град Одеса, тврдат украинските власти.
– Три проектили „кинжал“, новите руски хиперсонични ракети, биле истрелани од авиони и погодиле „цели на туристичката инфраструктура“. По ракетниот напад хоспитализирани беа две лица – изјави Сергеј Братчук, портпарол на регионалната воена администрација на Одеса.
Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили потврди дека трговскиот центар бил погоден и со седум други проектили. Во нападот биле повредени пет лица, а едно лице загинало, наведе Јужната оперативна команда.