Најмалку три лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што се случи денеска на северот на Турција.
Оваа информација ја потврди министерот за здравство Фахретин Коча, пренесе Анадолија. Тој изјави дека две повредени лица се во тешка состојба.
Патнички автобус на приватна автобуска компанија се превртел на главниот автопат кај Болу.
На терен се голем број медицински, противпожарни, полициски и жандармерски екипи.
Гувернерот на Болу, Еркан Килик изјави дека истрагата за несреќата е во тек.
Автобусот се движел од Кајсери кон Истанбул.