Русија го прошири списокот на таканаречените „непријателски држави“ и сега ги вклучува Хрватска, Словенија, Грција, Данска и Словачка.
Пет земји беа додадени на црната листа поради „непријателските дејствија против Русија, пред сè против нејзините дипломатско-конзуларни претставништва“.
Земјите кои се додадени на списокот ќе бидат ограничени во ангажманот на соработници во амбасадите, конзулатите и државните претставништва на територијата на Русија.
– Списокот што го утврди владата не е конечен и може да се прошири со оглед на натамошните непријателски дејствија на државите, насочени против руските претставништва во странство – се наведува во владиното соопштение објавено на каналот Телеграм.