Доналд Трамп / Фото: ЕПА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека окончал шест војни за шест месеци, но дека мора да слуша многу луѓе кои му велат дека го прави тоа погрешно.

– Точно знам што правам. Окончав шест војни за шест месеци, од кои едната беше потенцијална нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и да слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека се што правам е погрешно во однос на хаосот меѓу Русија и Украина, што е војна на заспаниот Џо Бајден, а не моја – напиша тој на мрежата Truth Social.

Како што рече, тој е тука само за да ги запре конфликтите, а не да ги продлабочи.

– Тоа никогаш не би се случило ако бев претседател. Точно знам што правам и не ми требаат совети од луѓе кои со години работат на сите овие конфликти и никогаш не биле во можност да ги спречат – нагласи Трамп.

Како што изјави, тие се глупави луѓе, без здрав разум, интелигенција или разбирање и само го отежнуваат решавањето на сегашната катастрофа меѓу Русија и Украина.

– И покрај сите мои површни и многу завидливи критичари, ќе го поправам тоа – секогаш го правам тоа – нагласи американскиот претседател.