Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот.
„Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да нема изгубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот, и со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото“.
Трамп вели дека ниту еден Американец или жител на Катар не бил повреден во нападите на Иран.
„Би сакал да му се заблагодарам на високо почитуваниот емир на Катар за се што направи во потрагата по мир во регионот. Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жителли на Катар“.
„Честитки за светот, време е за мир“ објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.