Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека тој е единствениот што може да ја запре Третата светска војна, во обраќањето на настан на Републиканската партија одржан ноќеска во Вашингтон.
– Ако ме вратите во Белата куќа, ние ќе бидеме слободна нација. На нивното владеење ќе му дојде крајот. Ние повеќе не сме слободна земја. Немаме слободен печат. Ништо не е бесплатно – истакна Трамп.
Тој во најголемиот дел од својот говор ги навредуваше политичките непријатели и се позиционираше како единствената личност која може да ја направи Америка повторно голема, пренесуваат медиумите.
– Ќе ја уништам целосно Длабоката држава. Ќе ги отпуштам неизбраните бирократи и силите во сенка, тоа се болни луѓе – порача Трамп.
Убедувањето дека интелектуалците во естаблишментот на американската национална безбедност тајно ги наметнуваат нивните гледишта за светот во американската надворешна политика, е дел од обвинувањата дека т.н. Длабока држава во владата коваше заговор за отстранување на Доналд Трамп од претседателската функција, како што повремено тврдеа поранешниот претседател и дел од неговите поддржувачи.
Трамп вети дека ќе го запре учеството на САД во странски војни и ја исмејуваше одлуката на претседателот Џо Бајден да се повлече од Авганистан.
– Ќе го завршиме она што го започнавме. Ќе ја завршиме мисијата, оваа битка ќе ја доведеме до конечна победа – нагласа Трамп.