Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги негираше медиумските извештаи дека претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, го предупредил против целосна воена интервенција во Иран, пренесе МИА.

– Генерал Кејн, како и сите ние, би претпочитал да не види војна, но доколку се донесе одлука за воена интервенција против Иран, тој верува дека тоа би било нешто што лесно би можело да се добие – напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут Социал“.

Тој рече дека би сакал да склучи договор со Иран.

– Одлуката е моја и јас би сакал да склучам договор отколку да не склучиме, а ако не го постигнеме, тоа ќе биде многу лош ден за таа земја (Иран), а за жал, и за нивниот народ. Со оглед на тоа што тие (Иранците) се одлични и прекрасни, нешто толку лошо не треба да им се случи – додаде Трамп.