Американскиот претседател Доналд Трамп за Аксиос изјавил дека војната ќе заврши „наскоро“ и оти „практично нема преостанато ништо за гаѓање“.
– Во секој момент кога ќе посакам да заврши, таа ќе заврши – ја пренесува Би-би-си изјавата на Трамп.
Конфликтот почна на 28 февруари во соработка со Израел, чиј министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека војната „ќе продолжи без никаков временски рок“, пренесува МИА.
Кац рече дека конфликтот ќе продолжи толку долго колку што е потребно и додека не се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска кампања, пренесува Тајмс оф Израел.
































