Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Америкнски Држави добиваат 2 милијарди долари дневно од царини.

Трамп го изјави ова тврдење за време на настан во Белата куќа без да наведе детали.

Американскиот претседател воведе низа царини за други земји откако ја презеде функцијата во јануари.

Дневниот извештај на Министерството за финансии за депозитите и повлекувањата од неговата генерална сметка, главната оперативна сметка на федералната влада, покажува дека депозитите „Царина и одредени акцизи“ овој месец до сега во просек изнесувале околу 200 милиони американски долари дневно.

За целиот месец февруари, Министерството за финансии заработило околу 7,25 милијарди долари од царина. Во четврток ќе биде објавен месечниот буџетски извештај за март, кој ќе ги содржи најновите месечни бројки.