фото: Официјална фејсбук-страна на Руската амбасада во Северна Македонија

Кремљ соопшти дека Трамп разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата поврзана со војната, објави „Си-ен-би-си“, повикувајќи се на „Си-би-ес Њуз“.

Според новинарката на „Си-би-ес њуз“, Веиџија Џијанг, советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков истакнал дека Путин за време на разговорот предложил иницијативи насочени кон побрзо завршување на конфликтот.

Трамп, како што пренесува новинарката Џијанг, исто така изјавил дека има на ум друга личност која би можела да го води Иран, наместо новообјавениот врховен лидер ајатолах Мојтаба Хамнеи.