Фото: Принтскрин

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа, пренесува МИА.

– Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго – беше цитиран од списанието „Атлантик“.

Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.