Фото: Доналд Трамп/Официјален фејсбук профил

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изрази убеденост дека решението за руската војна во Украина е близу.

– Мислам дека се приближуваме до договор за Русија и Украина – изјави Трамп пред новинарите, без да даде конкретни детали за содржината на потенцијалниот договор.

Во исто време, американскиот претседател се осврна и на тензиите со Техеран, потврдувајќи дека Иран „сака да склучи зделка“, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“.

Истовремено со дипломатските најави, Трамп потврди дека голема флотила од американски воени бродови е упатена кон Иран. Тој ја опиша оваа формација како „голема армада“, нагласувајќи дека таа е побројна дури и од онаа што претходно беше распоредена во Карипското Море близу Венецуела.