Фото: Пиксабеј

Претседателот Доналд Трамп ја поддржа иницијативата федералната влада да го преземе округот Колумбија, автономниот регион на главниот град на САД, бидејќи градската влада „не ја врши својата работа“. „Премногу криминал, графити, шатори на тревниците“, додаде тој, објаснувајќи дека не сака шефовите на држави кои доаѓаат во посета да гледаат бездомници на улиците. Според него, државата ќе воведе ред и закон и „да го направи совршено убав“.

Ова не е нов повик од негова страна, но контекстот овојпат е поинаков. Републиканците пред две недели донесоа предлог-закон за целосно укинување на локалната власт, а законодавните одлуки за 700 илјади жители на Вашингтон ќе ги носи Конгресот.

Градоначалничката Муриел Боузер води кампања оваа област да стане 51-та држава на Соединетите Држави.