Фото: Фејсбук/Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да им се спротивстави на Европејците доколку сакаат да испратат мировни трупи во Украина за безбедносни гаранции во случај на мировен договор.

-Да има војници таму би било добро, не би се спротивставил, воопшто не би се противел- изјави Трамп во Мар-а-Лаго во Палм Бич.