Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочараност од британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека направил „голема грешка“ со тоа што не ги поддржал Соединетите Американски Држави во воениот конфликт со Иран.

Изјавата следува по неговите критики кон сојузниците од НАТО, кои одбиваат да се приклучат на операцијата, при што Трамп порача дека САД ќе продолжат самостојно додека ескалира ситуацијата околу еден од најважните светски нафтени правци.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека на Америка не ѝ е потребна ничија помош, во момент кога напорите за формирање меѓународна коалиција за повторно отворање на Ормутски теснец се соочуваат со застој.

Тој посочи дека повеќето НАТО-сојузници ја известиле администрацијата во Вашингтон дека нема да учествуваат во воената операција против Иран.

Воедно, Трамп упати остри критики кон Алијансата, оценувајќи дека НАТО функционира како „еднонасочна улица“, во која САД обезбедуваат заштита, додека партнерите не возвраќаат со поддршка во клучни моменти.

Американскиот претседател Доналд Трамп го заврши својот пост на социјалната мрежа, истакнувајќи дека поради постигнатиот воен успех, САД повеќе не зависат од поддршка од НАТО.

 – Поради фактот што имавме таков воен успех, повеќе не ни е потребна или не ни е желба помошта од земјите на НАТО каква што НИКОГАШ НЕ ЈА ПОСТОИВМЕ! – напиша Трамп.

Тој додаде: „Зборувајќи како претседател на Соединетите Американски Држави… НЕ НИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ ОД НИКОГО!“.

Подоцна, во разговор со новинарите во Овалната соба, Трамп го повтори ставот и го критикуваше НАТО, нарекувајќи ја одлуката на сојузниците „многу глупава грешка“.

 – Одамна велев дека се прашувам дали НАТО некогаш ќе биде тука за нас, па затоа ова е одличен тест бидејќи не ни се потребни. Тие требаше да бидат таму – додаде претседателот.