Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека американските сили уништиле пристаниште во Венецуела, кое го користеле бродови осомничени дека учествуваат во шверц на наркотици.

Нападот врз пристаништето најверојатно е прв копнен напад врз Венецуела од почетокот на американската воена кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка.

– Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи, ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме  областа и таа е исчезната – изјави синоќа Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој не ја откри локацијата на нападот, а и не прецизира дали операцијата ја извршила армијата или ЦИА.

Според Си-ен-ен и Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен со дрон насочен кон изолирано пристаниште, е што го користи венецуелскиот нарко-картел Трен де Арагва за складирање дрога и товарење на бродови за извоз. Во времето на нападот немало никој на местото, па затоа нема.

Американските сили досега извршија околу 30 напади врз бродови на осомничени трговци, при што загинаа речиси 107 лица на Карибите и во Тихи Океан.

Вашингтон со месеци врши интензивен притисок врз Каракас, обидувајќи се да го принуди претседателот Николас Мадуро, кого го обвинува за водење на огромна мрежа за трговија со дрога, да ја напушти функцијата. Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.

Трамп со недели се заканува со копнени напади против наркокартелите во Јужна Америка, но такви напади не се потврдени.