Унгарскиот премиер Виктор Орбан е „фантастичен“ лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.
Во видео објавено на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, Трамп го фали Орбан.
– Тука ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е битен – рече Трамп.
На покана на Трамп, Орбан присуствуваше на потпишувањето на договорот за крај на војната во Газа вчера во Египет. Трамп додаде дека го поддржува Орбан на последните избори и „тој победи со 28 процентни поени“.
– Затоа ќе се справите уште подобро следниот пат. Сто проценти стоиме зад вас – му рече тој.
Орбан му одговори преку соопштение.
– Ви благодарам, господине претседателе! Продолжуваме по патот на мирот! – рече тој.