Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува значајни достигнувања од Самитот на НАТО, што започна денеска во Хаг.
– Одам на (самитот) на НАТО, каде што, во најлош случај, ќе биде многу помирен период од оној низ кој штотуку поминав со Израел и Иран – рече Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Тој додаде дека со нетрпение очекува да се сретне со сите свои „многу добри европски пријатели и други“.
– Се надевам дека многу од тоа ќе се постигне – нагласи Трамп.