Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток, додавајќи дека конфликтот со Иран „наскоро ќе заврши“, објави „Еуроњуз“.

– Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал – изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Тој оцени дека, и покрај растот на цените на нафтата по нападите врз Иран, последиците биле помали од очекуваното.

– Очекував да биде многу полошо. Не е толку лошо и наскоро ќе заврши – додаде Трамп.

Од своја страна, јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и предупреди дека ситуацијата на Блискиот Исток може сериозно да влијае врз глобалната економија.

– Светот ја сфаќа безбедносната ситуација многу сериозно – изјави Такаичи.