Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите безбедносни проблеми, пренесува ДПА.
Трамп го изјави ова одговарајќи на новинарско прашање поврзано со коментар на неговиот советник Дејвид Сакс, кој во еден подкаст шпекулирал дека Израел би можел дополнително да ја ескалира војната и дури да размисли за употреба на нуклеарно оружје.
– Израел не би го направил тоа. Израел никогаш не би го направил тоа – изјави Трамп.
Израел официјално никогаш не потврдил дека поседува нуклеарно оружје, но според проценките на Стокхолм Интернационал Пис Рисрч Институт (Stockholm International Peace Research Institute), земјата располага со околу 90 нуклеарни бојни глави.
































