Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе одговорат на нападот врз американската амбасада во саудискиот главен град Ријад, кој се случи синоќа.

Според Министерството за одбрана на Саудиска Арабија, објектот на амбасадата бил погоден од два дрона, при што избувнал ограничен пожар и била предизвикана помала материјална штета.

Телевизијата „Фокс њуз“ објави дека во моментот на нападот амбасадата била празна и дека нема повредени лица.

Во интервју за „ЊузНејшн“, Трамп изјави дека одговорот на САД ќе биде познат наскоро, посочувајќи дека реакцијата ќе се однесува и на нападот врз дипломатската мисија, како и на загинатите американски војници во тековниот конфликт со Иран.