Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Трут Соушл (Truth Social) дека имал „одличен разговор“ со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја.
– Штотуку имав одличен разговор со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја. Разговаравме за нивниот огромен и неодржлив трговски суфицит, за царините, за бродоградбата, за големата набавка на американски течен природен гас (LNG), за заедничко вложување во нафтовод во Алјаска и за плаќањето на воената заштита што САД ѝ ја обезбедува на Јужна Кореја. Со плаќањето на воената заштита започнаа во мојот прв мандат – станува збор за милијарди долари – но Поспаниот Џо Бајден од непознати причини го укина тој договор. Сите беа изненадени! Како и да е, пред нас се насоки и голема веројатност за одличен ДОГОВОР за двете земји. Нивниот главен ТИМ е во авион и лета кон САД, а работите изгледаат добро. Исто така, разговараме со многу други земји кои сакаат да постигнат договор со САД. Како и со Јужна Кореја, отвораме и теми што не се поврзани со трговијата и царините и преговараме и за нив. ‘ЕДНОСТАВНА НАБАВКА НА ЕДНО МЕСТО’ е прекрасен и ефикасен процес!!! Кина исто така очајно сака договор, но не знае како да започне. Чекаме нивни повик. Ќе се случи! БОГ ДА ГИ БЛАГОСЛОВИ САД! – напиша Трамп.
Инаку, вчера Трамп ѝ се закани на Кина со нови царини од 50 отсто, доколку Пекинг не се откаже од новите контрамерки кои вклучуваат царини од 34 отсто за американска стока.