Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека британскиот крал Чарлс трети и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април.

– Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа навечер на 28 април- напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, пренесува МИА.

Трамп истакна дека овој значаен настан ќе биде уште попосебен, бидејќи САД слават 250 години од независноста.

– Со нетрпение очекувам да поминам време со кралот, кого многу го почитувам. Ќе биде одлично – наведе Трамп.

Бакингемската палата претходно потврди дека британскиот крал Чарлс III ќе отпатува во државна посета на САД и покрај претходните апели патувањето да биде откажано или одложено поради конфликтот на Блискиот Исток.