Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе бидат воведени царини од 10 проценти за осум европски земји што се спротивставуваат на неговата намера САД да го купат Гренланд.
Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп наведе дека царини од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.
Според него, тие царини ќе се зголемат на 25 проценти од 1 јуни и ќе продолжат да важат се додека не се постигне договор за купување на Гренланд.

































